41. Редовен конгрес на УЕФА

Објавено на 05 Април, 2017 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, потпретседателот на Федерацијата Мухамед Сејдини и генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски учествуваат во работата на 41. Редовен конгрес на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Хелсинки, престолнината на Финска.

На седницата на Извршниот комитет на УЕФА одлучено е финалето од Лигата на Европа во циклусот од 2018. до 2021. да се игра во иста седмица како и финалето од Лигата на шампионите, почнувајќи од 29. мај 2019. година.

Договорени се и стратешки одлуки за развој на футсалот, при што Европските првенства од 2022. година ќе се одржуваат на секои четири години со 16 рептрезентации, наместо на секој две години со 12 репрезентации.Европското првенство за жени од 2019. година ќе се одржува на секој две години, како и Европското првенство за репрезентации до 19 години.

Извршниот комитет на УЕФА ја потврди одлуката дека Европското првенство за репрезентации до 21 година ќе се одржи од 16. до 30. јуни во Италија.





   
   
А репрезентација