Објавено на 20 Мај, 2024 во Куп на Македонија, Вести
Во среда од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-то финале во Купот на Македонија.
За првпат на финалниот натпревар се пласираа екипи кои досега никогаш не се нашле во меч за титула и за првпат, Тиквеш и Воска Спорт преку овој натпревар ќе имаат шанса да излезат во Европа, односно во квалификациите за Лигата на конференции.
Финалето на Купот на Македонија е нешто посебно, битката за пехарот несомнено е дека ќе биде спектакл. Тиквеш и Воска Спорт апсолутно заслужено се најдоа во финалето. Со своите настапи во досегашниот дел од ова натпреварување покажаа најмногу, ги минаа сите пречки, покажаа квалитет и сега ќе бијат битка за пехарот, но и за пласман во Европа.
Патот до финалето во Купот на Македонија:
ТИКВЕШ 1/16 ФИНАЛЕ: АРСИМИ – ТИКВЕШ 1:2 1/8 ФИНАЛЕ: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:1 1/4 ФИНАЛЕ: ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5П) 1/2 ФИНАЛЕ: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0:0, 0:0 (3:5П) ВОСКА СПОРТ 1/16 ФИНАЛЕ: КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0:10 1/8 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0:0 (4:1П) 1/4 ФИНАЛЕ: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0:1 1/2 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ –
МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0, 1:2
Историјата покажува дека во финалните мечеви нема фаворити и нема аутсајдери. Тоа се тие 90 или 120 минути, па и пенал – серии во кои треба да го покажеш тоа најмногу што го знаеш, нема поправен, нема реприза, нема втора шанса. Историјата, поточно традицијата кажува кога станува збор за финалињата во Купот на Македонија дека на последните шест средби или четири во низа, се изведувале пенал - серии.
Ова ќе биде 31. финале во Купот, а се започна во сега веќе далечната 1993 година кога на, тогаш, Градски, пред 20.000 гледачи Вардар со 1:0 со голот на Савов во 86.минута го победи Пелистер и се радуваше на првиот трофеј. Следуваа 30 финални мечеви,имаше спектакли како оној во 2003 кога Цементарница во блескаво финале, по 4:4, победи на пенали. Потоа имашеи супер интересни завршницикако во 2006 кога Ивановски му го донесе пехарот на тимот од Ѓорче, секако ќе го паметиме оној гол на С. Пандев во 2009 година во 90.минута за 1:1 меѓу Работнички и Македонија ЃП. Не смее да се заборави ниту финалето во 2000 година кога среде Прилеп, тогаш Слога Ј со неверојатни 6:0 славеше над Победа. Интересно, на последните шест средби дури петпати или четири во низа, пеналите го решавале победникот. Во 2020 година поради Ковидот не се одигра финалето, а сите сме во очекување на дуелот меѓу Тиквеши Воска, екипи од кои се очекуваквалитетно и интересно финале.
Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets.
Во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во Street Café, додека поддржувачите на Воска, билетите во Охрид може да ги набават во Т.А. Вис Пој. На денот на натпреварот, билети може да се купат и на билетарата на Националната арена „Тодор Проески“.