24 повикани фудбалери на списокот на Милевски за последните два меча од квалификациите за СП

Објавено на 03 Ноември, 2021 во Вести, Вести


Репрезентацијата на Македонија на 11. и 14. ноември против Еремија на гостински терен и дома против Исланд ги затвора квалификациите за СП во Катар 2022. 

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за последните мечеви од мундијалските квалификации. Во составот на македонската А репрезентација е повикан дебитантот Ваљон Етеми од турски Истанбулспор. Поради повреда, Милевски не може да смета на Аријан Адеми, Бобан Николов и Дени Илиев. .

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација: 

- „Не очекува тежoк натпревар во Ерменија, моите фудбалери ќе го дадат максимумот како и на претходните натпревари, во тоа не се сомневам. Нашата цел е јасна, а тоа е победа на следните два квалификкациски меча. Сакам тоа што го работиме на тренинзите и се договараме да го покажеме и на самиот терен. Се надевам дека сите фудбалери што се повикани за овие два дуели ќе бидат комплетно здрави и подготвени да одговорат на предизвикот.

- „Фокусот е комплетно насочен кон дуелот со Ерменија. На натпреварот против нив во Скопје одигравме доста добро, но за жал немавме среќа да постигнеме гол, пропуштивме многу прилики. Се надевам дека добрата игра во Скопје ќе ја покажеме и во Ереван. Ќе дадеме се од себе, не се откажуваме и до последно ќе се бориме за да успееме да обезбедиме пласман во баражот за СП“.

- „Имаме проблеми со повредени играчи, под знак прашалник беа Спировски и Костадинов, Дени Илиев направи операција и го чека процес на опоравување. Ваљон Етеми беше член на селекцијата на Македонија до 21 година. Се работи за млад играч кој има квалитет и потенцијал, игра во одлична форма сезонава во турската втора лига, лига која не е за подценување и е доста квалитетна. Потребен му е континуитет добри игри, се надевам дека ќе го зголеми квалитетот во селекцијата“.




   
   
А репрезентација