Објавено на 17 Февруари, 2021 во Вести
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски за мини
кампот успеаја со 2-0 да го победат Работнички на контролен натпревар што се
играше денеска на теренот на ФФМ во Скопје.
Тоа беше добра контрола, интересен меч, на кои
селекторот имаше што да види од евентуалниот потенцијал во пресрет на
репрезнетативните настапи.
Првиот гол за избраниците на Ангеловски беше дело на Дориев во 15 минута. Вториот
гол пак беше дело на Фатих Исмали во 65.минута за конечни 2:0 за екипата на
селекторот Ангеловски.
Репрезентација: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски.
Играа и: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.
Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, Станковски.
Играа и: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јефтоски, Прелчец.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....