09. Април - Ден на македонскиот фудбал, ФФМ положи цвеќе на споменикот со првата топка

Објавено на 09 Април, 2017 во Вести


На денешен ден, 9 април, пред точно 108 години во Скопје се одиграл првиот официјален фудбалски натревар на територијата на Македонија.

По повод одбележувањето на 9 април, Денот на македонскиот фудбал претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар Филип Поповски, наши фудбалски великани и фудбалски хроничари положија свежо цвеќе пред споменикот со првата фудбалска топка. 

На денешното скромно одбележување на денот на првиот натпревар кратко предавање за историјата на нашиот фудбал пред младите фудбалери од Академијата на ФФМ одржа Ивко Панговски. 

Во 1909 година, на Велигден, група турски војници и офицери на школување во западноевропските земји одиграле натпревар меѓу себе на импровизираното игралиште на полјаната зад Учителската школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје.

Првите фудбалери биле турски војници што престојувале во касарната во скопско Дебар Маало, а денот бил толку студен што на полувремето играчите морале да ги облечат шинелите за да се стоплат“, раскажува Ивко Панговски, еден од дојаените на македонското спортско новинарство и хроничар на македонскиот фудбал. 

Две години подоцна, во 1911, е формиран првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година.




   
   
А репрезентација