Во Нион се одржа ждребот за првата квалификациска рунда за девојки до 17 и 19 години

Објавено на 13 Ноември, 2015 во Вести


Денес во Нион се одржа ждребот за прва квалификациски рунда за пласман во сезоната 2016/2017 за девојки до 17 и до 19 години. 

Репрезентацијата на Македонија до 17 години се најде во група 11 заедно со репрезентациите на Босна и Херцеговина, Северна Ирска и Австрија. Македонија ќе биде домаќин на оваа група во периодот од 30 септември до 5 октомври 2016.

Репрезентацијата на Македонија до 19 години се најде во група 2 заедно со репрезентациите на Велс, Италија и Република Ирска.Македонија ќе биде домаќин на оваа група во периодот од 18-23 октомври 2016.

Исто така денес беа одредени групите и домаќините за развојните УЕФА турнири за девојки до 17 и 18 години.

Развојниот турнир за девојки до 17 години ќе се одржи во Македонија во периодот од 10 до 15 јуни а репрезентацијата на Македонија е во група со, Хрватска, Азербејџан и Казахстан.

Развојниот турнир за девојки до 18 години ќе се одржи во Босна и Херцеговина  од 22-27август 2016 а репрезентацијата на Македонија е во група со БиХ, Црна Гора, и Хрватска.

Развојниот турнир за девојчиња до 16 години ќе се одржи во Македонија од 22-27, август 2016 а репрезентацијата на Македонија е во група со Казахстан, Украина и Луксембург.

„Нашата репрезентација денес на извлекувањето ги доби своите противници, имаме доста тешка група во која ќе биде тешко да се освои посакуваното второ место за понатамошен пласман, но со максимална ангажираност,  добри подготвки, и преку добра игра ќе се трудиме да извлечеме поволен резултат.Во развојниот УЕФА турнир кој ќе ни послужи како подготовки за квалификациите нашите противници ни се добро познати, веќе сме се надигрувале со сите нив, и ќе го искористиме овој турнир за да се им дадеме шанса на сите фудбалерки преку кој ќе го направиме и конечното селектирање за квалификациите.", вели селекторот Астрит Мерко.

„По добивањето на противниците  за ЕП можам да кажам дека У17 има речиси иста група од минатата година, бидејќи повторно имаме пресметки со БиХ, Северна Ирска, и за првпат Австрија. Со оглед на тоа што сме домаќини и добро ги познаваме двете селекции нашите амбиции остануваат исти и сметам дека со една добра подготовка и тестирање преку два развојни турнири можеме да направиме добри резулатати и да атакуваме на првите две места во групата кои водат во пласман.", вели селекторот Кирил Изов




   
   
А репрезентација