У19: Македонската репрезентација поразена од Франција
Објавено на
08 Октомври, 2014
во
До 19 год
Репрезентацијата на Македонија денес го одигра првиот
натпревар од групата 12 од турнирот за квалификации во елитната фаза за
европското фудбалско првентсво до 19 години против соодветната
селекција на Франција. На теренот на „ Куќата на фудбалот"
нашата млада селекција која беше избрана за домаќин на турнирот беше
поразена со 2-1 против главниот фаворит, селекцијата на триколорите.
Стрелци на головите за француската репрезентација беа Мајпи во 19 и
Дембеле во 41 минута. Единствениот гол за нашите
млади фудбалери беше дело на Тауљант Сулејманов со удар од белата точка
во 71 минута.
Следниот натпревар македонската селекција ке го игра против Босна и
Херцеговина на 10 октомври во 15 часот на терените на „ Куќата на
фудбалот"
Селекторот Марио Вујовиќ натпреварот го започна со следните 11
фудбалери: Душан Ѓургев, Аманович Алекса, Терзиев Горан, Аломеровиќ
Сабахудин, Петковски Петар, Чешмаџиев Константин, Бабунски Дориан, Демир
Бенјамин ( Кочовски Валентин 75 минута), Костадинов
Тихомир (Сулејманов Тауљант 66 минута ), Курт Реџеп ( Крезич Даниел 75
минута), Стојановски Филип. На клупата за резервни фудбалери на оваа
средба беа: Чаволи Адријан, Перчинков Игор, Илиќ Филип.
„Франција е апсолутен фаворит во нашата група. Одигравме квалитетен
наттревар. Доколку се погледне натпреварот нашите шанси беа
посериозни.Помалку сме изморени. Утрешниот ден ке го искористиме за
одмор бидејќи задутре не очекува голем предизвик и решавачки
натпревар против Босна и Херцеговина"- изјави селекторот Марио Вујовиќ
за официјалната веб страна на фудбалската федерација на Македонија.
Во вториот денешен натпревар од првото коло во нашата група
босанската репрезентација ја оправда фаворитската улога и славеше
убедлива победа од 5-0 против Лихтенштајн.