Објавено на 30 Октомври, 2017 во Вести, Семинари
Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за Едукација го организираа првиот дел од курсот за добивање на УЕФА А тренерска диплома. Курсот се одржа од 24. до 28. октомври во спортскиот комплекс на хотел Истатов, Нов Дојран.
Во овој дел од курсот, свои презентации имаа Небојша Марковски - директор на Центар за Едукација, Ангеловски Игор - селектор на А репрезентација на Македонија, Стратев Зоран - технички директор на ФФМ, Вујица Живковиќ - продекан на УКИМ и постојан предавач во Центар за Едукација, Станиќ Горан - селектор во младински репрезентации и тренер во УЕФА/ФФМ Академијата. Практичните презентации ги реализираа Здравков Гордан и Добринко Илиевски - инструктори во Центар за Едукација на ФФМ.
Курсот го проследија 42 кандидати за УЕФА А тренерска диплома, меѓу кои и седум жени -тренери кои имаат подршка од УЕФА и ФФМ за продолжување на својата тренерска едукација.
Вториот дел од курсот ќе се одржи исто така во спортскиот комплекс на хотел Истатов во Нов Дојран во периодот од 28. ноември до 2. Декември 2017 година, додека третиот и последен дел ќе биде одржан во месец март 2018. година.