Објавено на 19 Мај, 2022 во Куп на Македонија, Вести
Во пресрет на утрешниот финален натпревар од Купот на Македонија меѓу екипите на Македонија Ѓ.П. и Силекс, тренерите и капитените на двата тима на официјална прес - конференција ги споделија своите очекувања за 29. финале од Купот на Македонија.
Муарем Бајрами - шеф на стручниот штаб на ФК Македонија Ѓ.П.
- “Македонија Ѓ.П. сосема заслужено е во финалето од Купот на Македонија, но знаеме што не очекува во пресметката со Силекс. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга и сосема заслужено сме во мечот за титула.
Мислам дека имаме квалитет и можеме да го освоиме трофејот. Имаме голема почит кон Силекс, тим кој е актуелен освојувач на Купот, без разлика на тоа што оваа година влегоа како второлигаш во финалето. Направивме добра анализа, гледавме повеќе нивни натпревари затоа што се немаме меѓусебен дуел една година со нив. Се работи за одличен тим, воден од тренер со којшто знаат што сакаат на теренот. Силекс условно се прошета во Втората лига, така што очекувам доста интересен натпревар, но јас верувам во мојот тим. Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“.
Горазд Михајлов - шеф на стручниот штаб на ФК Силекс:
- “Сите знаете дека Силекс минатата сезона испадна, меѓутоа го освои Купот и ние сме бранители. Ние сме прв второлигаш во едно финале и да го брани трофејот. Како екипа се собравме минатата сезона, работите во Втората лига ги си завршивме со време и тоа ни беше приоритет. Верувам дека кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Го респектирам противникот, до последното коло беше во игра за Европа преку лигата, па така и Македонија Ѓ.П. си ја гледа својата шанса преку Купот. Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено. Меѓутоа, блага предност има противникот, затоа што тие, сепак, доаѓаат од повисок ранг. За мене ова е трето финале, едно освоив, едно загубив со Тетекс, па зошто да не биде трета среќа?“
Адем Ермедин - капитен на Македонија Ѓ.П.
- “Следи еден голем натпревар за нас, цела сезона се бориме за вакви натпревари. Сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп-трофеј. Имаме респект за Силекс и можам да кажам дека не сме случајно во ова финале. Ние како екипа сме подготвени, имавме можеби најтежок пат до финалето, но ги минавме сите и тука сме. Знам дека кој и да игра во финалето ќе го даде максимумот и сакам да го освоиме трофејот и да го донесеме трофејот по долги години во Ѓорче“
Даниел Божиновски - капитен на Силекс:
- Од почетокот на сезоната претрпевме промени во тимот. Нашиот тим 95% е составен од нови играчи и фудбалери за разлика од минатата сезона. Со тек на времето, полека се воигравме, направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влезот во Првата лига, тоа и го остварвме. Предизвик ни беше да дојдеме до финалето на Купот, еве го и тоа, па знам дека секој ќе го даде максимумот.“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....