Објавено на 08 Октомври, 2015 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработи првиот од предвидените четири тренинг сесии во Скопје во пресрет на квалификацискиот дуел против Северна Ирска на
Даниел Аврамовски вели дека првиот тренинг на репрезентацијата поминал во одлична атмосфера и се надева дека ќе ја забележат втората победа во овој квалификациски циклус на 13 октомври.
„
„Радува фактот што дуелот против Северна Ирска го дочекуваме во комплетен состав. Ова за нас претставува најтежок натпревар. Северна Ирска е многу сериозна селекција, од натпреварите кои ги анализиравме заклучокот е дека се многу агресивни, дисциплинирани и исклучително желни за успех.Барам од играчите голема ангажираност и посветеност, на дуелот со Северна Ирска треба да бидеме сконцентрирани и мотивирани во текот на сите 90 минути доколку сакаме да се радуваме на победа. Односот кон играта треба да биде ист како оној кој го имавме на натпреварот со Украина, само така можеме да се надеваме на успех, во спротивно не можеме да се надеваме на нешто повеќе.