Друловиќ го објави списокот на фудбалери за претстојниот дуел со Словачка

Објавено на 28 Мај, 2015 во Вести

Новиот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Љубинко Друловиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски натпревар против Словачка на 14 Јуни во Жилина.

За натпреварот од квалификациите за Европското Првенство во Франција 2016  Друловиќ ги повика следните фудбалери:

Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Филип Гачевски (Брегалница), Столе Димитриевски (Гранада 2)

Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена), Владимир Димитровски (Керкира), Даниел Мојсов (Лирс), Александар Тодоровски (Заглебие), Кире Ристевски (Тирана), Стефан Ристовски (Латина), Езџан Алиоски (Шафхаузен), Жута Леонард (Хакен)

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Стефан Спировски (Вардар), Остоја Степјановиќ (Висла Краков), Душко Трајчевски (Работнички), Александар Трајковски (Зулте Варегем), Бесарт Абдурахими (Локерен), Ферхан Хасани (Брондби), Муарем Муарем (Карабах), Агим Ибраими (Марибор)

Напад: Мирко Ивановски (Видеотон), Крсте Велкоски (Сараево), Јован Костовски (Леувен).




   
   
А репрезентација