Објавено на 13 Ноември, 2015 во Вести
Младата репрезентација на Македонија од 16 до 20 ноември ќе биде домаќин на пријателски турнир за фудбалери родени 2000 година. Учесници на овој контролен турнир покрај нашата репрезентација ќе бидат и селекциите на Србија и Италија. Сите натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски".
Спроти овој контролен турнир, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години, Добринко Илиевски ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Лука Наков (ФК. Вардар), Зибери Малик (ФК. Вардар);
ОДБРАНА: Филип Антовски (ФК. Еуроспорт), Бесир Рамадани (ФК. Шкупи), Виктор Ризанковски (ФК. Пелистер Битола), Елвир Рамиќ (ФК. Вардар), Ангел Стратоски (ФК. Хит Горица), Кристијан Додевски ( ФК. Металург), Адријан Хајдари ( ФК. Рапид Виена), Мишко Арсовски (ФК. Работнички), Борјан Пановски (ФК. Работнички);
СРЕДЕН РЕД: Алтин Сефо (ФК. Шкупи), Марио Наумовски (ФК. Металург), Донат Алиу (ФК. Шкендија), Филип Стојановски (ФК. Еуромилк), Енис Фазлагиќ (ФК. Шкендија), Мартин Ристов (ФК. Браво Публиком);
НАПАД: Бојан Колевски (ФК. Металург), Васил Крстев (Академија Пандев), Дарио Цолески (ФК. Арау), Дејан Кулушевски (ФК. Аталанта), Амел Рустемовски (ФК. Грасхоперс), Дарко Чурлинов (ФК. Магдебург), Кристијан Ристевски (ФК. Вардар);
Младата репрезентација на Македонија првиот натпревар ќе го одигра во понеделник, на 16 ноември против Србија со почеток од 12.00 часот. Во петок, на 20 ноември играме со селекцијата на Италија со почеток од 13.00 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....