А репрезентација: Македонија - Црна Гора на 12. ноември во Скопје

Објавено на 13 Октомври, 2015 во Вести, Вести


„А“ репрезентацијата на Македонија на 12. ноември на националната арена „Филип Втори" ќе одигра контролен натпревар против најдобрата селекција на Црна Гора. Репрезентација предводена од Бранко Брновиќ е рангирана на 72 место на ФИФА листата. Во групата „Г“ од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, црногорците се пласираа на четвртата позиција во конкуренција на Русија, Шведска, Австрија, Лихтенштајн и Молдавија. Црна Гора запиша три победи во циклусот за пласман на ЕУРО 2016. Македонија и Црна Гора досега одиграа два пријателски натпревари, имаме една победа во Скопје и пораз во Подгорица.




   
   
А репрезентација