Објавено на 23 Мај, 2014 во До 21 год
Најзрелата шанса за гол ја имаше репрезентацијата на Португалија преку Тавареш Гомез кој не успеа да реализира удар од белата точка, одлична интервенција на нашиот голман Столе Димитриевски. Во продолжението од натпреварот силната репрезентација на Португалија преку Тиаго Илори во 63 минута поведе со 1:0. Тоа воедно беше и конечниот епилог од оваа средба.Неуспешен обид за израмнување на резултатот имаше Фахрудин Ѓурѓевиќ.
Македонија играше во состав:Столе Димитриевски, Кристијан Тошевски, Александар Дамчевски, Мартин Блажевски, Ѓоко Зајков, Марјан Радевски (Кире Маркоски), Дарко Мицевски, Дориан Бабунски (Марко Симоновски), Бобан Николов, Стефан Ашковски, Дарко Велковски (Фахрудин Ѓурѓевиќ).
За нашите репрезентативци во квалификациите ова е втор последователен пораз од Португалија. Во групата 8, Македонија има скор од една победа , еден нерешен резултат и четири порази.
"Одигравме добар натпревар против квалитетната репрезентација на Португалија, имавме доста изгледни прилики за први да дојдеме до водство но за наша несреќа не успеавме да ги реализираме во гол. Им честитам на момците за вложениот труд , големата борба на теренот и добрата игра.Португалците од друга страна пак не искористија пенал, но по едно наше невнимание успеаа да постигнат гол.Посебно сакам да ја истакнам одбраната и пред се нашиот голман кои беа на висина на задачата."-изјави селекторот Бобан Бабунски.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...