Репрезентација до 21 година: Прва победа во квалификациите за Европското првенство во Полска 2017

Објавено на 05 Септември, 2015 во Вести, До 21 год

Репрезентацијата на Македонија до 21 година славеше победа со 1:0 над селекцијата на Украина на централниот терен на тренинг центарот „Петар Милошевски" во натпревар од вториот круг квалификации за пласман на Европското првенство во Полска

Во воведните минути од средбата Украина беше поконкретен противник и имаше неколку добри обиди за постигнување гол преку Иван Петриак и Виктор Коваленко. Како што одминуваше времето нашите репрезентативци  играа се подобро и посигурно. Две убави шанси за нашата репрезентација во првиот дел пропуштија Марјан Радески и Кире Маркоски. Во продолжениото од натпреварот кај гостинската селекција поради втор жолт картон беше исклучен Микита Бурда. Исклучување имаше и во нашата екипа, кога во 88 минута играта ја напушти Дарко Велковски поради втор жолт картон. На самиот крај на овој крајно неизвесен натпревар, сепак победата ја понесе македонската репрезентација со голот на Марјан Радески. 

Одлично е чувството да се биде стрелец на победничкиот гол. Натпреварот беше интересен, ние оставивме срце на терен, и искрено се надевам дека со ваква тимска игра ќе продолжиме и на следните квалификациски натпревари - изјави Марјан Радевски.


МАКЕДОНИЈА - УКРАИНА 1:0 (0:0)

(Марјан Радески 90`)

МАКЕДОНИЈА: 12. Игор Алексовски  5. Ѓоко Зајков  7. Енис Барди (4. Висар Муслиу)  8. Бобан Николов  9. Христијан Денковски (18. Бурхан Мустафов)  10. Марјан Радески  11. Даниел Аврамовски (20. Петар Петковски)  14. Дарко Велковски  17. Кире Маркоски  19. Бесир Демири  21. Мевлан Мурати;

УКРАИНА: 1. Георги Бушчан  4. Ихор Дутс  5. Микита Бурда  6. Дмитро Мушнов  7. Андриј Блузниченко  10. Владлен Јурченко  14. Иван Петриак  16. Денис Миросшчиненко  17. Виктор Коваленко  18. Едуард Собол  20. Артем Беседин;




   
   
А репрезентација