Објавено на 07 Ноември, 2024 во Вести, А репрезентација жени
Денеска во Нион беше одржана ждребката за новото, второ издание на Уефа Лигата на нации во женска категорија.
Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА за противници ги доби селекциите на Летонија и Косово во рамките на групата 6 од Ц сегментот.
Веднаш по самото извлекување, селекторот на Македонија, Александар Андов даде своја оценка за нашите следни противници, селекциите на Летонија и Косово.
-Морам да признаам дека добивме група по мерка. Се работи за противници кои ни се добро познати и со кои бевме во група во изминатите два циклуса.
-Мислам дека сега е вистинското време да го направиме тој чекор напред и да успееме да го освоиме толку посакуваното прво место во групата. Верувам дека можеме , умееме и имаме квалитет за такво нешто.
-Во следниот период се надевам дека ќе ги завршиме и преговорите околу пријателските натпревари што треба да ги одиграме и кои ќе претставуваат одлучна подготовка за предизвиците што ќе не очекуваат во новиот циклус од Лигата на нации.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....