Женската репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни натпревари со Романија

Објавено на 22 Август, 2024 во Вести


Младата женска репрезентација на Македонија до 15 години кон крајот на август ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија.

Контролните натпревари ќе бидат одиграни на 24 и 26 август на тренинг центарот на Романија.

За дуелите со Романија повикани се следните фудбалрки:

Голмани: Евгенија Велјаноска, Ивана Милошевска

Одбрана: Рејхане Нухи, Никита Грбевска, Ангела Јанкуловска, Јана Бошковска, Ивана Лисолајска, Емилија Ивковиќ, Ива Георгиевска, Магдалена Иломаноска;

Среден ред: Елена Наумоска, Марија Велиновска, Ева Станчевска, Јана Бошковска, Христина Јорданова, Тамара Атанасовска, 

Напад: Ангелина Јованоска,  Ева Тодорчевска, Христина Јовановска, Глорија Тодорова;



   
   
А репрезентација