Женската А репрезентација ја пречекува големата Италија

Објавено на 06 Мај, 2014 во А репрезентација жени

На 8 мај женската А реперезентација на Македонија го пречекува носителот на групата – Италија, во натпревар од квалификациите за Светското Првенство во Канада, 2015 година.

На 8 мај женската А реперезентација на Македонија го пречекува носителот на групата – Италија, во натпревар од квалификациите за Светското Првенство во Канада, 2015 година.

Во пресрет на натпреварот женската А репрезентација ги започна подготовките во следниот состав:

Милеска Катерина, Арсова Марина, Крстановска Симона, Андонова Сијче, Чакмакоска Елена, Костова Драгана, Скерлевска Стефани, Арсова Олгица, Тодоровска Моника, Веселинова Ана, Марковска Александра, Атанасова Станкица, Јаковска Ели, Ѓеорѓиева Анета, Костова Фроска, Рочи Гентијана, Андреева Ленче, Кривањева Накшие и Митревска Тања.

- Вторпат се сретнуваме со Италија која е апсолутен фаворит. Тие се носители на групата, а нивните успеси можат да се забележат и според освоениот број на бодови во квалификациите. Мора да истакнам дека играме во мошне незгоден момент за нашата репрезентација бидејќи се соочуваме со бројни здравствени проблеми кај репрезентативките. Наташа Андонова е повредена, како и искусната Катерина Милеска; Ленче Андреева – столбот на средниот ред, е болна… Правиме исклучителни напори да го составиме тимот за што поуспешно да се претставиме. Решени сме да дадеме сѐ од себе, да не претрпиме висок пораз, иако тимот нѝ е составен од многу млади фудбалерки. Ќе се потрудиме да ја градиме играта преку нашата одговорност и желба за успех – истакна селекторот Добре Димовски.

Натпреварот ќе биде одигран на првиот терен од комплексот Куќа на фудбалот, со почеток во 14,00 часот.




   
   
А репрезентација