Објавено на 09 Април, 2015 во Вести, До 17 год жени
На решавачкиот натпревар кој Македонските репрезентативки го одиграа денес против Црна Гора нашите девојки победија со 5-4 на пенали, по израмнетиот резултат од 1-1 во регуларниот дел. Погодокот во 77-та минута го постигна Јилза Максути.
- Горд сум на девојките и на начинот на кој го освоија турнирот. Со тоа покажаа дека женскиот фудбал во Македонија има иднина. Ова прво место го посветуваме на нашата капитенка Анастасија Митевска која поради тешка повреда на коленото не можеше да биде дел од оваа победничка екипа. - изјави селекторот Кирил Изов.
На натпреварот со Црна Гора натпреварот го започнаа Максути, Крстеска, Благонова, Гоцевска, Чубриновска, Ѓорѓиевска, Шемшовиќ, Китанова, Николовска, Талевска и Бумбаревска. Од клупата за резервни играчи настапија и Гегова, Живиќ, Котева и Белистојаноска.
Македонија за првото место на турнирот оствари убедливи победи против Луксембург (5-1) и Лихтенштајн (4-1), како и на пенали против Црна Гора (5-4) по регуларните 1-1.
Останатите екипи на турнирот ги остварија следните резултати:
Црна Гора - Лихтенштајн 5-1
Црна Гора - Луксембург 2-5
Луксембург - Лихтенштајн 5-1
Конечна табела
Македонија 8 бода
Луксембург 6 бода
Црна Гора 4 бода
Лихтенштајн 0 бодови
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...