Женска А репрезентација: Два контролни меча против Косово

Објавено на 23 Јуни, 2022 во Вести


На 24. јуни во 17:30 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје, македонската А женска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со Косово. 

Селекцијата предводена од селекторот, Кирил Изов пред два дена ги започна подготовките за контролните натпревари против Косово. Двете селекции ќе одиграат  уште еден пријателски натпревар со Косово во Приштина на стадионот “Фадиљ Вокри” во 19:00 часот.  

- Не очекуваат два пријателски натпревари против Косово во рамките на јунскиот термин на ФИФА, кои ќе ги искористиме да им дадеме шанса на помладите фудбалерки кои завршија со селекцијата до 19 години, а  во која има огромен потенцијал. Иако сезоната е завршена и девојките не се во натпреварувачки ритам, се надевам дека ќе одиграме максимално одговорно, борбено и ќе избориме добар резултат, изјави Кирил Изов.

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Верица Колевска (Скопје);

Одбрана: Викторија Недева (Тиверија), Александра Јовановска (Борец), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Христина Јошевска (Каменица Саса), Ана Милевска (Истатов), Катерина Петкова (Истатов), Севим Илјаз (Истатов);

Среден ред: Шкине Салији (Хесен, Германија), Елма Шемсовиќ (Борец), Хана Мустафи (Шкендија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Арлинда Адили (АС Јунајтед);

Напад: Ангела Стојковска (Скопје), Теа Божиновска (Скопје), Улза Максути (АС Јунајтед), Бојана Петкова (Истатов), Ели Јаковска (Митровица, Косово); 




   
   
А репрезентација