Започнуваме со реализација на активностите од проектот Фудбал за сите способности - Државно средно училиште Св. Наум Охридски

Објавено на 23 Јануари, 2023 во Вести, Еднаквост


Фудбалската Федерација на Македонија како социјално одговорна организација секоја година работи на различни проекти од полето на социјалната одговорност. Средстава за овие проекти се добиваат од Хет-Трик 5 (2020-2024) фондовите на УЕФА и тоа од средствата коишто се наменети за социјална одговорност. 

Проектите кои се одобруваат од страна на УЕФА мора да исполнуваат одредени критериуми, меѓу кои одржливост, долгорочност и поврзаност со некоја од полисите за социјална одговорност на УЕФА.

Проектот Фудбал за сите способности - Државно средно училиште Св. Наум Охридски е одобрен од страна на УЕФА.  

Целта на проектот е:

  • Да се подобрат физичките условите во коишто учениците со попреченостт во интелектуалниот развој од Државно средно училиште Св. Наум Охридски тренираат
  • Да се создадат услови за тренирање фудбал
  • Да се поттикнува самостојност и инклузија на децата со интелектуална попреченост.

За да се реализира проектот предвидени се следните активности кои треба партнерски да се изведат во текот на една година.

Подобрување на инфраструктура и физички услови:

  1. Обложување на игралиштето во школото со вештачка трева
  2. Донирање на топки и фудбалски реквизити за тренинзите кои ќе се одржуваат
  3. Донирање на фудбалска опрема за децата кои ќе се вклучени во тренинзите во тек на цела година, за тренерите и воспитувачите

Организирање на трениг активности и Фудбалски настани за потикнување на самостојност и инклузија. 




   
   
А репрезентација