Објавено на 17 Септември, 2018 во Вести, Семинари
Фудбалската Федерација на Македонија и УЕФА а во насока на подобрување на квалитетот во женскиот фудбал во Македонија уште еднаш се вклучуваат во заеднички проект за развој на овој сергмент од фудбалската игра.
За таа цел и овој пат во проектот Развој на фудбалски тренери (жени) ФФМ и УЕФА се договорија да финансираат жени-тренери кои се заинтересирани за едукација за добивање на УЕФА Б Диплома. Во склоп на оваа акција, УЕФА ќе ги покрие трошоците за курсот и спортска опрема додека ФФМ ќе ги покрие трошоците за сместување и едукативни материјали.
Ги информриаме сите заинтересирани за пријавување во овој проект дека за пријавување кандидатките задолжително мора да ги исполнат општите услови за упис на УЕФА Б Диплома:
- Возраст најмалку 22 години, (копија од лична карта или пасош)
- Најмалку средно образование (копија од диплома)
- Најмалку 4 години фудбалски стаж како играч на сениорско ниво (потврда од фудбалски клуб-проверка во комет систем)
- Лекарско уверение или важечка потврда од спортска медицина
- Две слики
- Пополнета апликација, во прилог на оваа вест
Рокот за доставување документи за овие кандидатки е заклучно со 21 Септември 2018 до Центар за Едуакција на ФФМ.
Повеќе информации во врска со овој проект може да се добијат на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk
Апликација за пријава за УЕФА Б диплома