Објавено на 27 Јануари, 2020 во Вести, Live Your Goals
По организацијата на зимскиот камп за подготовка на нашите женски селекции до 17 и 19 години, а во насока на развој на женскиот младински фудбал, Фудбалската федерација на Македонија продолжува со реализација на проекти кои придонесуваат за популаризација на фудбалот кај девојчиња до 14 годишна возраст.
Оваа седмица на камп во Дојран се подготвуваат девојчиња од генерациите 2005, 2006 и 2007 година. Координатор на тренинг кампот е Добре Димовски, а во Дојран се присутни вкупно 40 девојчиња од повеќе клубови од нашата држава.
-На кампот во Дојран работиме со 40-ет девојчиња од 11 до 14 годишна возраст. Поделени сме во две групи, пионерки кои ја учат и се обидуваат да ја совладаат основната фудбалска азбука и младинска група со која работиме на индивидуална и групна тактика и нивно полесно прилагодување при влегувањето од една во повозрасна категорија. На овој камп во Дојран работат шест тренери, функционираме одлично и се надевам дека ќе успееме нашето искуство да го пренесеме на најдобар начин и на крајот да извлечеме многу позитивни работи, изјави Добре Димовски.
-Како дел од тренерите кои работат со девојчињата на кампот во Дојран, презадоволна сум од начинот на кој го организираме кампот и придонесот на девојчињата. Наша цел е да им помогнеме во нивниот напредок и секако, да се надеваме дека во иднина ќе добиеме и репрезентативен квалитет. Исто така, ова е значајно и за нас тренерите бидејќи преку ваква работа и стручно се надоградуваме. За поздравување е вложувањето во женскиот фудбал, изјави Александра Ристовска, еден од тренерите кои работат на кампот во Дојран.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....