Објавено на 06 Август, 2020 во Вести
Претставници на УЕФА и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација денеска се состанаа преку видео конференција дискутирајќи за темите поврзани со продолжувањето на натпреварите во рамки на УЕФА, особено за клупските и репрезентативни натпреварувања, како и за младинските натпреварувањата.
За клупските натпревари, разговорот се одвиваше со фокус на претстојните квалификациски рунди, а деталното објаснување беше презентирано во неодамна објавениот annex 1.pdf од правилниците за натпреварување во ЛШ / ЛЕ 2020/21, кои се однесуваат на ограничувањата на патувањето и позитивните тестови за COVID-19, што можат да имаат влијание врз континуитетот на натпреварите.
Беше истакнато дека, за да се исполнат патните ограничувања и барањата за карантин, издадени од властите, можеби некои натпревари ќе треба да се одиграат во неутрални земји/стадиони и беа презентирани деталните сценарија.
Во овој поглед, УЕФА, им се заблагодарува на четири фудбалски асоцијации за нивната соработка (Полска, Унгарија, Грција и Кипар), со тоа што овие земји ги ставаат на располагање некои од нивните стадиони на закажаните датуми на натпреварот и нудат патнички коридор на екипите што ќе дојдат и ќе го одиграат натпреварот без ограничувања.
Се разговараше и за септемврискиот меѓународен прозорец и беа истакнати тешкотиите со кои националните екипи ќе треба да се соочат со истите ограничувања. Потребна е тесна соработка помеѓу сите тимови и УЕФА за да се обезбеди редовно одржување на сите натпревари. Во оваа фаза не може да се намали можноста за играње меѓународни натпревари на неутрални места.
И УЕФА и националните асоцијации се свесни за важноста да им се дозволи на навивачите да се вратат на стадионите, но ситуацијата во Европа е многу различна. УЕФА постојано ја следи ситуацијата и се планира преглед на состојбата околу средината на август за да се види дали сегашната одлука за играње на сите натпревари зад затворени врати може барем делумно да се промени.
Исто така, се дискутираше за шампионатите за младински репрезентации, вклучително и предлози да се преместат повеќето од овие активности во пролет 2021 година.