Вардар и Партизан победници на Скопје Куп 2014

Објавено на 29 Јули, 2014 во Вести

Екипата на Вардар (генерација 1997.) и тимот на белградски Партизан (генерација 1999.) се победници на првиот меѓународен турнир Скопје Куп 2014 во организација на Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија.

На финалните натпревари одиграни на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, нашиот претставник Вардар со 1:0 славеше во натпреварот за првото место против тимот на Војводина од Србија. Стрелец на голот беше репрезентативецот на Македонија до 19. години, Сабахудин Алаомеровиќ.

Партизан од Белград и хрватски Осјек го играа второто финале во генерацијата 1999. Партизан славеше со 4:0 и заслужено се радуваа на освоениот пехар. Од македонските претставници, Шкендија и Академија Пандев турнирот го завршија на четвртото место. Шкендија во натпреварот за трето место загуби од ЦСКА Софија со 2:0 во конкуренција на играчи родени до 1997. Нишкиот Реал во малото финале во генерацијата 1999. ја совлада Академија Пандев со 3:1.




   
   
А репрезентација