Објавено на 19 Септември, 2015 во Вести, Семинари
Услови за упис на курсот се:
- Да има завршено курс за УЕФА Б диплома, и истата да ја поседува.
- Да има најмалку 2 години тренерски стаж како носител на УЕФА Б диплома од кои најмалку една како тренер во сенироска екипа.
- Да нема дисциплинска постапка или казна против тренерот изречена од Дисциплинска комисија на ФФМ.
- Копија од лична карта или пасош.
- Две слики, големина за лична карта.
- Уплатница од 200 евра во денарска противвредност - прва рата за УЕФА А Курс (Уплатата се врши на сметка на ФФМ: 300000001599760 - Комерцијална Банка, во денарска противвредност, со назнака За УЕФА А Тренерски Курс).
Заинтересираните тренери, горенаведените документи можат да ги достават најдоцна до 1. октмоври 2015 година во архива на ФФМ лично, а доколку ги праќаат по пошта да бидат со назнака: “За УЕФА А тренерски курс“. Некомплетната и ненавремено доставената документација нема да биде земена во предвид.
По завршување на уписот и формирање на групата ќе биде одреден и датум за првиот 7-дневен семинар, за кој тренерите ќе бидат известени телефонски и преку ФФМ веб страна.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....