У21: Комплетиран списокот за Израел

Објавено на 03 Септември, 2014 во До 21 год


Како што претходно најави, селекторот на репрезентацијата до 21 година, Вујадин Станојковиќ денес го комплетираше списокот за последниот натпревар од квалификацискиот циклус против Израел, кој ќе се одигра на 9. септември во Ларнака, Кипар.

Покрај најавените 18 фудбалери, избор на Вујовиќ се и Ѓорѓи Стоилов од Хоризонт Турново и Бурхан Мустафов од Пелистер.

Репрезентацијата својот собир ќе го има на 6. септември во Дојран, а официјалната прес конференција е закажана на 5. септември во 11.30 ч. во прес салата на Куќата на фудбалот.



   
   
А репрезентација