У-21: Македонија против Црна Гора на 16. ноември

Објавено на 03 Ноември, 2014 во Вести, До 21 год

Македонската репрезентација до 21. година на 16. ноември против Црна Гора ќе одигра контролен натпревар на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“.

Подготовките за пријателскиот дуел против младата селекција на Црна Гора, нашата репрезентација ќе ги одработува во Охрид. Првиот собир, составот предводен од селекторот Благоја Милевски ќе ги има на 10. ноември, четири дена ќе трае подготвителниот период во Охрид. Селекторот Милевски вели дека без разлика против кој противник играме, нашата репрезентација мора да има сериозен пристап и однос на високо ниво кон репрезентативниот дрес.

-Натпреварот против Црна Гора можеби е последната проверка пред мартовскиот термин за кога се најавува почеток на новиот квалификациски циклус. Се надевам дека играчите кои ќе бидат повикани за контролната пресметка ќе бидат здрави, во добра форма и подготвени да одговорат на новиот предизвик. Нашата определба е јасна, да наметнеме нова филозофија во младата репрезентација која ќе донесе позитивни промени. Во победата против Романија покажавме дел од таа определба, се надевам дека играчите на ист начин ќе го сфатат и дуелот против Црна Гора. Односот кон репрезентативниот дрес мора да биде на високо ниво и со многу поголема самодоверба да ги дочекаме следните предизвици. Во зависност од тоа кои фудбалери помлади од 21 година ќе се најдат на списокот на селекторот на А репрезентацијата, ќе го креираме и нашиот список со играчи на кои ќе сметаме за натпреварот со Црна Гора, изјави селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски.




   
   
А репрезентација