У-21: Македонија ја победи Црна Гора со 1:0

Објавено на 16 Ноември, 2014 во Вести, До 21 год

Репрезентацијата на Македонија со 21. година славеше победа против Црна Гора од 1:0 на контролниот натпревар одигран на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“.

Ѓоко Зајков во 38. минута го постигна погодокот за победа на нашата млада селекција. Составот предводен од Благоја Милевски заслужено се радуваше на победата, имавме контрола на играта, не му дозволивме на противникот да создаде конкретна шанса за гол и го остваривме зацртаното на овој натпревар. Во првото полувреме шанса за погодок во нашата репрезентација имаа Давид Бабунски и Марјан Радевски. Голот за водство Зајков го постигна по корнерот на Енис Барди. Во второто полувреме најдобрата прилика за удвојување на водството ја пропушти Филип Пивковски. Црна Гора имаше неколку обиди од полушанси, но не создадоа стоотстотна шанса за израмнување. Македонската репрезентација одигра доволно паметно, дисциплинирано и на крајот заслужено славеше против Црна Гора. За Благоја Милевски ова е втора победа на селекторската позиција, првиот триумф во неговиот деби натпревар како селектор на младата репрезентација го издвојувавме против Романија на Националната арена.


- Заслужемо победивме, во целост мислам дека бевме подобар противник. Задоволен сум од нашиот пристап, од желбата и мотивираноста на играчите, од извршувањето на поставените задачи. На подготвителниот период во Охрид работевме на надминување на слабостите, посебно во дефанзивниот дел кои ги увидовме на претходниот натпревар со Романија, мислам дека во голем дел успеавме да ги надменеме или намалиме. Црна Гора потврди дека е одличен тим, веројатно поквалитетен од романскиот. Честитки до играчите, момците се заслужни за победата, но имаме уште многу работа за дополнителен напредок и само на тој начин, со добро скаутирање и селектирање на фудбалери може да се надеваме на успех во следните квалификации, иајави селекторот Благоја Милевски.


МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 1-0 (1-0)

(1-0 Гјоко Зајков 38. минута)

МАКЕДОНИЈА: 1. Дамјан ШИШКОВСКИ, 2. Филип РИСТОВСКИ (3. Ангелче ТИМОВСКИ 85`), 5. Ѓоко ЗАЈКОВ, 7. Енис БАРДИ, 8. Бобан НИКОЛОВ (15. Христијан ИВАНОВ 67`), 9. Валмир НАФИУ (16. Демир ИМЕРИ 82`), 10. Давид БАБУНСКИ (21. Виктор АНГЕЛОВ 56`), 11. Филип ПИВКОВСКИ (Бурхан МУСТАФОВ 82`), 14. Дарко ВЕЛКОВСКИ, 17. Марјан РАДЕСКИ (20. Таулант Сулејманов 56`), 19. Бесир ДЕМИРИ

ЦРНА ГОРА: 12. Илија Дуровиќ, 2. Момчило Распоповиќ, 3. Милош Павичевиќ, 5. Борис Копитовиќ, 6. Немања Цавниќ, 7. Горан Милојко, 8. Небојша Косовиќ, 10. Марко Јанковиќ, 11. Лука Ѓорѓевиќ, 16. Никола Вујновиќ, 17. Андрија Вукчевиќ.




   
   
А репрезентација