Објавено на 03 Ноември, 2014 во До 19 год
За пријателскиот дуел против Азербејџан, селекторот на нашата репрезентација Јетон Несими ги повика следните фудбалери:
Голмани: Целевски Бобан, Илиќ Филип. Одбрана: Боцевски Слободан, Аломеровиќ Дин, Лазаров Стефан, Алексиќ Милан, Дервиши Енис, Перчинков Енис, Каранфиловски Кристијан. Среден ред: Јефтовски Стефан, Реџеп Курт, Шопоски Саше, Мирчевски Мартин, Бесарт Исеини, Кочовски Валентин. Напад: Петковски Петар, Ѓеоргиев Боби, Халими Ментор, Христов Мартин, Селмани Рамзифаик.
-Постојано повторуваме дека нашата генерацијата до 18. години е талентирана, но сето тоа треба да го потврдиме и на теренот. Овие играчи се речиси две години заедно, сметам дека доволно се познаваме и надополнуваме, тоа е наша предност која треба да ја искористиме. За овој натпревар шанса ќе добијат и неколкумина нови фудбалери, ќе се увериме во нивните квалитети и дали можат да придонесат во зголемување на квалитетот на игра на нашата селекција. Азербејџан доаѓа со една година повозрасна репрезентација, но тоа е само причина повеќе да успееме во нашата намера да оствариме победа, изјави селекторот Јетон Несими.
Македонската репрезентација до 18. години изминатата недела одигра два контролни натпревари против Унгарија на гостински терен.