У-17: Нерешено на пријателскиот натпревар против БиХ

Објавено на 14 Мај, 2014 во Вести, До 17 год

Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар одигран во Скопје.


Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено 1:1 против  соодветната селекција на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар одигран во Скопје. На централниот терен во комплексот Кука на фудбалот нашата репрезентација одлично ја започна средбата и преку Ристовски Милан поведе со 1:0 , но до крајот на првиот дел селекцијата на Босна го изедначи резултат со голот на Мустеданагич Зинедин, тоа беше воедно и конечниот исход од оваа средба. Во второто полувреме видовме неколку добри прилики за гол пред двата шеснаесетника .

“Одигравме одличен натпревар против една навистина квалитетна репрезентација .Ова е добар резултат кој го остварија овие млади фудбалер. Одигра навистина квалитетно, пожртвувано и го дадоа максимумот на оваа средба” – истакна селекторот Стојковски.

 Македонската репрезентација играше во состав Јанков Ристе, Стојковски Виктор, Семафат Сефет, Садики Нехар (Петков Игор), Митрев Антонио, Карабаков Александар, Додев Дарко, Тошевски Милош, Ристовски Милан, Здравковски Давид (Агуши Риад), Маневски Михаил (Боневски Даниел).




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација