Објавено на 27 Октомври, 2014 во До 17 год
Погодокот за победа на Англија го постигна Лукас Нмеча во 14. минута од натпреварот. Македонската репрезентација во првото полувреме не искористи одлична шанса за израмнување преку Емил Абаз, а во вториот дел нашиот капитен Давор Здравковски не реализираше убава прилика. На вториот дуел во групата, Франција со убедливи 4-0 славеше против домаќинот Кипар.
Во последното 3.коло, Македонија ќе игра против Кипар во борба за третото место на турнирот. Пласман во елитната фаза од квалификациите ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од 13. групи, како и петте најдобро третопласирани селекции, но Македонија ги загуби шансите по двата порази од големите фаворити Франција и Англија.
АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:0 (1:0)
Стадион: „Папиакос“, Кипар
Стрелци: Нмеча 14′ (А)
АНГЛИЈА: Вулстон, Јеитс, Дејвис, Хамфрис, Медокс (Патчинг
72′), Нмеча (Вилок 62′), Коулсон, Колинџ, Ндукву, Вејкфилд (Холанд 56′), Кејн,
МАКЕДОНИЈА: Трајчевски, Гичевски (Додев 74′), Чуљевиќ,
Тошевски, М. Ристовски (Крстовски 60′), Здравковски, Абаз, К. Ристовски,
Терзиев (Митрев 62′), Хани, Садики