У-16: Вујадин Станојковиќ го објави списокот за контролните натпревари против Србија

Објавено на 18 Ноември, 2014 во Вести

Македонската репрезентација до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Србија на гостински терен во тренинг центарот на Фудбалскиот сојуз на Србија на 25. и 27. ноември.

За натпреварите против Србија, селекторот Вујадин Станојковиќ повика 20 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Христијан СТЕВКОВСКИ (ФК СКОПЈЕ), Благојче ИВАНОВ (ФК МЕТАЛУРГ); ОДБРАНА: Андреј КИРОВСКИ (ФК ВАРДАР), Антонио МИТРЕВ (ФК МЕТАЛУРГ), Бојан ИЛИЕВСКИ (ФК ПЕЛИСТЕР), Мерис ФАКИЌ (ФК РАБОТНИЧКИ), Тодор ТОДОРОВСКИ (ФК МЕТАЛУРГ); СРЕДЕН РЕД: Христијан ДЕЛЕВСКИ (Акад. ПАНДЕВ), Васко ТРАЈКОВ (Акад. ПАНДЕВ), Марио НАУМОСКИ (ФК МЕТАЛУРГ), Елмаз ЕЛИФ (ФК РАБОТНИЧКИ), Михаил МАНЕВСКИ (Акад. ПАНДЕВ), Енис ФАЗЛАЃИЌ (Акад. ФФМ), Алтин СЕФО (ФК Шкупи); НАПАД: Христијан ТРАПАНОВСКИ (Акад. ПАНДЕВ), Бобан ЗДРАВЕВСКИ (ФК ПЕЛИСТЕР), Јани АТАНАСОВ (Акад. ПАНДЕВ), Филип ТАНЕВСКИ (ФК МЕТАЛУРГ), Филип ЈОВАНОВСКИ (ФК МЕТАЛУРГ), Мена АЗДРЕН (ФК ХАЈДУК СПЛИТ);

-Со двата натпревари против Србија бројката на контролни натпревари која ја имаме во изминатиот период ќе изнесува четиринаесет. Тоа значи дека влегуваме во фаза кога мораме да го имаме речиси финалниот состав на тимот што ќе биде носител на натпреварите во предквалификациите, идниот месец ќе ги дознаеме и противниците во групата. Во Стара Пазова нашата цел е да направиме увид во моменталната форма на повиканите играчи, во составот има и неколкумина нови имиња, да видиме на терен на кое квалитативно ниво сме во овој период и колку можеме да се спротивставиме на силната репрезентација на Србија, изјави селекторот на нашата репрезентација, Вујадин Станојковиќ.

Првиот натпревар, Македонија го игра на 25. ноември во 13.00 часот, два дена подоцна во 11.00 часот ја играме втората контролна пресметка.




   
   
А репрезентација