Објавено на 06 Септември, 2020 во Вести, Вести
Репрезентативците Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија.
Напаѓачот во македонската репрезентација, Иван Тричковски има поголем хематом на левата надколеница (m. Vastus lateralis), додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут поради што нема да биде во можност за настап на натпреварот и нема да патува со екипата за Грузија.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември во Тбилиси.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....