Објавено на 25 Април, 2023 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Брегалница - ФК Шкендија одигран на 22.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 82. минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
82. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите ја имаше во посед топката странично во шеснаесетникот на домаќините, над него стартуваше голманот на домаќините кој минимално ја допре топката која не го смени правецот на движење, туку остана во посед на играчот и потоа со телото направи прекршок на ногата на играчот.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди удар од 11 метри за гостите, поради недозволен старт на нога од голманот на домаќините над играчот од екипата на гостите.
На натпреварот ФК Победа - ФК Работнички одигран на 23.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 6, 75 и 77 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев; Помошни судии: Христијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев;
6. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч на домаќините додаде топка близу голманскиот простор странично во шеснаесетникот на гостите, топката не беше во ничив посед и играчот на гостите минимално со рамото направи контакт над играчот на домаќините, кој после овој контакт падна.
Главниот судија одлично беше поставен, исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.
75. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Центрирана топка од удар од агол за екипата на домаќините, топката беше упатена во шеснаесетникот на гостите, двајца противнички играчи имаа минимален контакт со рацете, каде што немаше никаков неспортски потег од двајцата (влечење, туркање) и играчот на домаќините тој контакт го искористи да падне за да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи немаше никакви елементи за да се досуди удар од 11 метри.
76. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, паралелно до него трчаше противнички играч, играчот на домаќините падна без да има никаков контакт со противничкиот играч сакајќи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради симулација за удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Тиквеш - ФК Шкупи одигран на 23.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 54. минута.
Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јакуловски;
54. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите центрира топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на домаќините ја удира топката до соиграч кој сакајќи да ја избие со глава ја удира со рака која му е високо подигната и во неприродна положба и со тоа се стекна во предност и ја зема топката во свој посед.
Главниот судија беше одлично поставен меѓутоа донесе погрешна одлука што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, поради играње со рака од играч на домаќините, која е во неприродна положба (високо подигната)
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 25 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 25. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Беласица - ФК Пелистер одигран на 23.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 34. и 89. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Дејан Димитриевиќ и Филип Ицковски;
34. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на гостите во шеснаесетникот на домаќините сакаше да додаде топка до соиграч, меѓутоа играч од екипата на домаќините ја блокираше топката со колено па потоа топката се одби во раката која му беше прилепена до телото.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот од екипата на домаќините при блокирањето на топката, топката го удри во колено па рака, која му беше прилепена до тело.
Појаснување: Во ситуација каде играч блокира топка и таа се одбие во рака која му е неприродна положба (високо подигната или широко одвоена од тело) тогаш се досудува удар од 11 метри.
89. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката и влезе во шеснаесетникот на гостите, во моментот кога го помина противничкиот играч, истиот над него недозволено стартуваше (со колено) во пределот на ногата и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домаќините за недозволен старт (со колено во нога) од играч на гостите над играч на домаќините и доделен жолт картон.
На натпреварот ФК Воска - ФК Вардар одигран на 23.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 31. минута.
Главен судија: Стојан Стојанов; Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин;
31. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката пред шеснаесетникот на гостите и во очигледна шанса за гол (сам пред голман), претпоследниот играч од одбраната на гостите направи недозволен старт од зад грб (на ногата) и направи прекршок спречувајќи го играчот на домаќините да постигне гол.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домаќините и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите за спречување очигледна шанса за гол.
На натпреварот ФК Беса - ФК Арсими одигран на 23.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 70. минута.
Главен судија: Марјан Стојановски; Помошни судии: Дарко Јовчевски и Вјолца Изеири;
70. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката шеснаесетникот на гостите и малку старанично од голот, над него стартуваше недозволено (на нога) без да игра со топката играч од екипата на гостите и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домаќините поради недозволен старт (на нога) од играч на екипата на гостите над противнички играч, кој се наоѓаше во ветувачка акција.
На натпреварот ФК Гостивар - ФК Кожуф одигран на 23.04.2023 година, анализирани е ситуациите 16. и 54. минута.
Главен судија: Бењамин Керими; Помошни судии: Горан Милошевски и Александар Николовски;
16. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден гол)
Играч од екипата на домаќините центрираше топка во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до негов соиграч кој ја упати топката кон голот, топката (воздушно) со целиот свој обем ја помина гол линијата и во тој момент играч од одбраната на гостите ја одби топката во поле.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен и признаен, бидејќи топката со целиот свој обем ја помина гол линијата пред да биде одбиена во поле од играчот од одбраната на гостите.
54. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите, над него со недозволен старт на нога стартуваше играч од екипата на гостите и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домаќините порсади недозволен старт на нога од играч на екипата на гостите над играч на екипата на домаќините.
На натпреварот ФК Слога Виница - ФКТетекс одигран на 23.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 65. минута.
Главен судија: Фатмир Бафто; Помошни судии: Горан Балески и Мишо Ѓорѓиески;
65. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините центрираше топка од удар од агол, центрираната топка дојде на втората статива од голот на гостите и пред негов соиграч да може да игра со топката беше повлечен со силен инзентитет за дресот и спречен да игра со топката.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди удар од 11 метри и за екипата на домаќините и да додели жолт картон поради влечење за дрес со силен интензитет на играч од екипата на гостите над противнички играч, спречувајќи го да игра со топката.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....