Објавено на 17 Август, 2023 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 2. коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П- ФК Брегалница одигран на 13.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 85 и 90+9 минута.
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Климент Ристоски и Разме Бакрачески.
85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа)
Играта беше во прекин, играч од екипата на гостите незадоволен од судиска одлука почна да приговара,
Правилна одлука на главниот судија, доделен жолт картон за играчот на гостите поради неспортски однос (приговор кон судија), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
90+9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топка неколку метри во полето на домаќините, играч од екипата на домаќините направи недозволен старт (од позади грб) над играчот на гостите спречувајки ја акцијата.
Исправна одлука на главниот судија, играта беше прекината, досуден слободен удар за гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт (од позади грб), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домаќините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Гостивар-ФК Тиквеш одигран на 13.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 72 минута.
Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Александар Недевски.
72 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, истиот ја центрираше топката која дојде до втората статива од голот на гостите, таму имаше два противнички играчи и пред играчот од домаќините да ја удри топката со глава дојде до минимален контакт (ставена рака од противнички играч на рамото на играчот) и истиот, тој контакт го искористи да падне сакајки да изнуди пенал.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот што играчот на гостите го направи над играчот на домаќините беше минимален и недоволен за пенал.
На натпреварот ФК Силекс– ФК Работнички одигран на 13.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 4 и 48 минута.
Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Дејан Костадинов и Мартин Петковски.
4 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за домашната екипа)
Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот кратко ја одби топката која дојде до играч од екипата на домаќините и пред играч на домаќините да ја шутне топката кон голот (играчот се наоѓаше во просторот од 5,5 метри) играч од екипата на гостите направи недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот, спречувајки го да шутира кон голот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите, поради недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот .
48 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Сигнализирано удар од гол за гостинската екипа)
Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед странично од голот на гостите, во моментот кога ја центрираше топката кон соиграч, топката со целиот свој обем (воздушно) беше надвор од попречната линија, топката стигна до неговиот соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен, бидејки во моментот кога играчот на домаќините ја центрираше топката, таа со целиот свој обем (воздушно) ја помина попречната линија.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1. коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Победа-ФК Тетекс одигран на 12.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 70 и 86 минута.
Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Дарко Василевски.
70 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон за голман на гостинската екипа)
Играч од екипата на домаќините додаде долга топка до соиграч, голманот на екипата на гостите беше излезен надвор од својот шеснаесетник, лошо го процени летот на топката и намерно со рака ја фати топката спречувајки ја да дојде до играчот на домакините, кој се наоѓаше во очигледна шанса за гол (пред него имаше празен гол).
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините (намерна игра со рака на голман на екипата на гостите надвор од свој шеснаесетник) и доделен ЦРВЕН картон за голманот поради спречување очигледна шанса за гол.
86 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за гостинската екипа)
Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, играчот на гостите пред да ја удри топката со глава беше на повлечен на недозволен начин за дрес со две раце од играч на гостите, со тоа беше спречен да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите и доделен жолт картон на играчот на домаќините поради недозволен старт (влечење за дрес со две раце) на противнички играч.
На натпреварот ФК Детонит-ФК Вардар Неготино одигран на 12.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23 минута.
Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Милош Милошевиќ и Виктор Здравев.
23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за домашната екипа)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката странично од голот на гостите, кога играчот влезе во шеснаесетникот на гостите, играч на гостите од позади грб на недозволен начин (за дрес) го повлече домашниот играч и истиот неможеше да продолжи со акцијата и падна.
Исправна одлука одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите поради недозволен старт (влечење за дрес) на противнички играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.
На натпреварот ФК Кожуф-ФК Караорман одигран на 12.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 38 минута.
Главен судија: Јосип Бартон. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Идриз Идризи.
38 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт –ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)
Главниот судија ја прекина играта поради офсајд позиција, после прекинот на играта играч на домаќините ја водеше уште топката и упати удар кон голот на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, доделен втор жолт картон за играчот на домаќините поради неспортски однос ( шутирање на топка после прекин на игра), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК.Беласица-ФК.Пелистер одигран на 12.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 27 и 37 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
27 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Поништен гол за домашната екипа, поради офсајд позиција)
Играч од екипата на домаќините надвор од шеснаесетникот на гостите упати удар кон нивниот гол, топката дојде до негов соиграч кој ја прими и постигна гол, меѓутоа вториот помошен судија го подигна знаменцето сигнализирајки недозволена офсајд позиција.
Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција на играчот што постигна гол, бидејки во моментот кога неговиот соиграч шутираше кон голот на гостите, играчот се наоѓаше во пола тело понапред од предпоследниот играч на екипата на гостите.
37 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за гостинската екипа)
Играч на екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, после центаршутот топката се одби од земја и го удри во рака на играч на домаќините која му беше широко одвоена од тело и во неприродна положба, а исто така и големо беше растојанието помеѓу центаршутот и играчот што играше со рака.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите поради игра со рака (широко одвоена од телото и неприродна положба) на играч од екипата на домаќините.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....