Собир на женската А репрезентација пред последниот натпревар од циклусот квалификации

Објавено на 23 Ноември, 2020 во Вести


Од денес женската А репрезентација е на собир во пресрет на последниот натпревар од циклусот квалификации за Европско првенство кој ќе се игра на 27 ноември, 2020 во Алмати – Казахстан.


Повик за овој натпревар добија следните фудбалерки:

Голмани- Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Колевска Верица (ЖФК Деспина),

Одбрана- Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (ЖФК Скопје 2014), Гегова Драгана (ЖФК Скопје 2014), Ана Милчевска (ЖФК Истатов), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Маја Ангеловска (НК Крим-Словенија), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Даниела Велеска (ЖФК Деспина), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен),

Среден ред- Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Наташа Андонова (Леванте), Сара Хусеин (ЖФК Истатов)

Елма Шемсовиќ (ЖФК Скопје 2014), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Теодора Николовска (ЖФК Тиверија)

Напад- Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Гентјана Рочи (Купс-Финска), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Кристина Петрушевска (ЖФК Истатов), 

Атмосферата во репрезенатцијата е одлична, сите сме многу расположени и мотивирани за натпреварот против Казахстан и се надеваме дека на Македонија ќе и донесеме радост и победа. На овој собир за овој претстоен натпревар со нас се и нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, како и Гентијана Рочи. Се надевам дека со нивна помош и максимално залагање од страна на целата репрезентација ќе успееме да ги донесеме тие три бода и победа за Македонија. – изјави Елма Шемшовиќ

Навистина сме мотивирани од успехот на машката репрезентација која за прв пат во историјата успеа да ја однесе Македонија на Европско првенство. Сите во репрезентацијата се чувствуваме добро. Искрено се надевам дека од Казахстан ќе се вратиме со победа, која би ја посветиле на селекторот и нашите  неколку репрезентативки кои пред собирот добија позитивни резултати на КОВИД тестирањето. – Ане Бошеска

На првото контролно тестирање за КОВИД-19 селекторот Кирил Изов за жал доби позитивен тест, заедно со уште три стандардни првотимки, и во негово отсуство репрезентацијата на гостувањето во Казахстан ќе ја водат неговите помошници Ферди Исмаили, Александар Андов и Тања Крстевска.



   
   
А репрезентација