Објавено на 29 Јули, 2014 во Вести
По тој повод беше одигран ревијален натпревар меѓу поранешни фудбалери на Осогово и наши фудбалски великани. Натреварот имаше хуманитарен карактер, а собраните финансиски средства беа наменети за поранешниот фудбалер на Осогово, Даниел Митков кој настрада во сообраќајна несреќа и итно треба да замине на опреативен зафат во Пекинг, Кина.
На ревијалниот натпревар селекцијата на Македонија ја предводеше легендата на македонскиот фудбал и првиот селектор на националниот тим, Андон Дончевски. Во селекцијата предводена од Андон Дончевски играа Пандилов, Герасимовски, Најдоски, Седлоски, Мицевски, Здравков, Стојковски, Петров, Савов, Тодоровски, Ставревски, Јовановски, Џипунов, Ќириќ, Станковски.
За домашниот тим на Осогово настапија: Јанев, Наков, Ангелов, Тодоровски, Ефтимов, Филипов, Митев, Теодосиев, Трифунов, Јовановски, Д.Лазаров, Соколов, Шуманов, Паунов, Максимов, Манев, Крстев, Георгиев, П.Лазаров. Тренери: Минов, Серафимов и Балдазаров.
Репрезентацијата на ветераните на Македонија славеше победа од 5-2. Стрелци на головите беа Тони Мицевски (3), Саша Ќириќ и Борче Јовановски. Головите за домашниот тим ги постигнаа Сашко Ангелов и Тоде Митев. По ревијалната средба, Даниел Митков им се заблагодари на фудбалските легенди за помошта, а потоа беше организирано и заедничко дружење.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....