Објавено на 20 Септември, 2015 во До 19 год жени
Во Скопје, на стадионите на ФФМ и Борис Трајковски беа одиграни квалификациските натпревари за жени до 19 години од Група 6. Според очекувањата европскиот првак Шведска со три победи лесно мина во елитната фаза, а Северна Ирска со една победа и еден нерешен натпревар поради подобра гол разлика беше подобра од Црна Гора и шансата за квалификација на европското првенство во Словачка исто така ќе ја бара во елитната фаза на квалификациите.
Место | Екипа | Бодови |
1. | Шведска | 9 |
2. | Северна Ирска | 4 |
3. | Црна Гора | 4 |
4. | Македонија | 0 |
Покажавме добра игра, особено на првиот и последниот натпревар, но не сум задоволен од резултатот. Очекувавме сигурна победа со Црна Гора, и нешто поповолен резултат со Северна Ирска, меѓутоа фактот дека не можевме да сметаме на некои од клучните играчи за овие два натпревари го направи своето. Во моментов ни претстои многу работа доколку сакаме да создадеме шанса за квалификување во елитната рунда. - изјави селекторот Астрит Мерко.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....