Шпанија голем предизвик за Македонија

Објавено на 07 Септември, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016


Македонската А репрезентација во вторник игра со Шпанија во следниот натпревар од квалификациската група за пласман на Европското Првенство ‘Франција 2016’. Европскиот првак доаѓа со целиот свој арсенал и секако дека е голем фаворит, но од таборот на Македонија се надеват дека мотивот е на страна на избраниците на Друловиќ, кои треба да даваат се од себе за да се покажат во светло издание. Поразот од Луксембург секако дека е разочарувачки, но барем во овој момент треба да са заборави и со максимална концентрација да се спортиставиме чесно на шпанскиот состав наполент со светски звезди.

Секако дека Шпанија е голем фаворит, имат фантастична екипа која ја отсликува играта на Барселона. Ние сме свесни за нивниот квалитет, но од друга страна верувам де можеме да се вратиме на најдобар можен начин и пред домашна публика да направиме се да бидеме вистнски ривал, да се покажеме во најдобро светло, да го даваме нашиот максимум во овој момент и да се обидеме ако е можно до извлечеме поволен резултат. Повторувам Шпанија е голем ривал, изјави меѓу другото селекторот на Македонија, Љубинко Дурловиќ.

Јас сум свесен и сите знаеме со каков протвник ќе имаме работа утре и мислам дека сите да го даваме нашиот максимум и со дициплинирана игра како во одбрана, така и во средниот ред и нападот. Сите треба да бидеме максимално мотивирани, затоа што ова е голем предизвик за сите нас, исто така и за нашиот селектор и цела Македонија. Играма на наш терен, трибините ќе бидат полни, ќе има добра атмосфера, мислам дека да играме убав натпревар и се надевам ако ќе биде можно во овој момент да излеземе со позитивен резултат, рече Алаксандар Трајковски.

За разлика од саботниот натпревар со Луксембург, селекторот Друловиќ нема да смета на Абдурахими и Ристовски поради жолти картони, а во комбинација се четворицата дополнително повикани футбалери од младата селекција Барди, Радески, Ангелов, Зајков. Натпреварот Македонија – Шпанија се игра утревечер од 20 часот и 45 минути на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.



   
   
А репрезентација