Објавено на 29 Октомври, 2014 во Футсал
Неколкукратниот европски и светски првак во финалето ја совлада репрезентацијата на Македонија со 6:1. Гостинската селекција го постигна првиот гол на средина од првото полувреме, откако во првите десет минути нашиот голман Илчо Удовалиев имаше серија одлични одбрани. Адолфо Диаз го постигна водечкиот гол за Шпанија, а Марио Плаза на само една минута пред крајот на првиот дел го даде погодокот за удвојување на предноста.
Во првата минута од продолжението, Македонија постигна погодок, откако по корнерот на Глигоров, Хименез ја одби топката и заврши во мрежата на Шпанија. До крајот на натпреварот, за шесткратниот европски првак погодија Хименез, Раул Паино, Вапа, а конечниот резултат беше поставен со автогол.
Македонскиот голман, Илчо Удовалиев беше прогласен за најдобар голман на турнирот, Марио Плаза од Шпанија го понесе признанието за најкорисен играч на турнирот.
Во
дуелот за третото место, Турција со 2:1 на пенали ја победи репрезентацијата на
Финска која вчера загуби од Македонија со 5:4.
Пред почетокот на финалниот дуел Македонија – Шпанија, нашиот голман Горан Пандилов официјално се прости од активно играње во дресот со државниот грб. Горан Пандилов повеќе од една деценија го чуваше голот на македонската А футсал репрезентација. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски во знак на благодарност за придонесот кој Пандилов го даде за футсалот во Македонија му врачи признание.