Селекцијата до 21 година одигра контролен натпревар против Хоризонт Турново

Објавено на 10 Декември, 2014 во Вести, До 21 год


Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година одигра контролен натпревар против екипата на Хоризонт Турново. На стадионот „ Млади Лавови" во општина Ѓорче Петров нашата млада селекција издвојува победа со 2-0.

Првиот гол го постигна Ангелов Виктор во 26 минута од средбата. На 2-0 во 67 минута  зголеми Имери Демир.

Пријателскиот натпревар против Хоризонт Турново е дел од селективниот тренинг камп на репрезентација на Македонија до 21 година кој се одржа во Дојран од 7 до 11 декември.

- Не одстапуваме од овој начин на селектирање на играчи. За денешниот дуел против Хоризонт Турново повикавме играчи кои преку настапите за своите клубови потврдија дека поседуваат голем квалитет да бидат дел од репрезентативниот состав. Не одстапуваме од овој начин на работа, а тоа е да им се даде што повеќе можност на играчите кои квалитетно играат за својот клуб да успеаат да се наметнат и во младата репрезентација- изјави селекторот Благоја Милевски.

Благоја Милевски, предводникот на младата репрезентација средбата ја започна во следниот состав: Алексовски Игор, Ристовски Филип, Демири Бесир, Најдовски Леон, Велковски Дарко, Бојку Бесмир, Мустафов Бурхан, Имери Демир, Асани Јасир, Пивковски Филип, Ангелов Виктор.

Тренерот на Хоризонт Турново, Шефки Арифовски дуелот го започна во состав: Захов Костадин, Ташев Марјан, Илиев Томислав, Мавров Митко, Најденов Бојан, Божинов Никола, Митев Петар, Ковачев Даниел, Крстовски Марио, Курт Реџеп, Манчев Доле.




   
   
А репрезентација