Седница на Управен одбор на ФФМ

Објавено на 09 Ноември, 2018 во Вести


На денешната седница во “Куќа на фудбалот”, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одржување на вонредно Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. 

Вонредното Генерално Собарание на ФФМ за измени и дополнување на Статутот на ФФМ ќе се одржи на 9. декември 2018 година во Охрид. 

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука манифестацијата за избор на најдобри во македонскиот фудбал, “Најдобри во македонскиот фудбал” за натпреварувачката сезона 2017/2018 да се одржи на 21. декември 2018 година.



   
   
А репрезентација