Објавено на 25 Декември, 2014 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија одигра ревијален натпревар против поранешните репрезентативки на Македонија во чест на досегашниот селектор Добре Димовски. Пред почетокот на дуелот признание за досегашниот придонес добија Добре Димоски, предводникот на репрезентацијата на 100 официјални натпревари на националниот тим, Марина Арсова, стрелец на првиот гол за женската репрезентација на Македонија, тренерите кои низ годините беа дел од стручниот штаб на Димовски, како и сите фудбалерки кои имале можност да настапат за најдобрата женска фудбалска селекција.
-Ова е убав момент, добив признание за големиот број натпревари и за мене тоа е специјално, јас сум еден од ретките кој водел репрезентативен состав на повеќе од сто натпревари. Благодарност до сите кои беа дел од женскиот репрезентативен фудбал, имавме убави моменти. Соработувавме со намера да го подигнеме нивото на женскиот фудбал и иако веќе не сум дел од националната селекција ќе бидам вклучен во неговиот развој, изјави Добре Димовски.
Натпреварот во духот на фер плејот заврши со нерешен резултат, а забележителна беше радоста меѓу присутните кои со право можат да се наречат пионери на женскиот фудбал во Македонија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....