Објавено на 24 Декември, 2014 во А репрезентација жени
Фудбалска Федерација на Македонија во чест на селекторот на А женската репрезентација Добрислав Димовски за 100 натпревари како селектор на женските репрезентации организира ревијален натпревар помеѓу репрезентативките кои ја завршиле својата фудбалска репрезентативна кариера и А женската репрезентација.
Натпреварот ќе се одигра на ден 25.12.2014 во 12:00часот на тренинг центарот на ФФМ.
Селекторот за овој натпревар повика 40 фудбалерки, тренери и поранешни селектори со кој што соработувал во изминатиот период.
По завршувањето на натпреварот ќе се доделат подароци и признанија за дел од учесниците, и коктел за сите присутни