Објавено на 18 Февруари, 2015 во Вести, До 21 год
Пријателскиот натпревар против словенечката репрезентација ќе биде прв собир на нашите млади фудбалери во 2015. година и веројатно последен контролен натпревар пред почетокот на квалификациите за Европското првенство. Циклусот квалификациски пресметки го отвораме во јуни на гостување во Исланд. Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски се надева дека сите повикани фудбалери ќе бидат здрави, во натпреварувачка форма и подготвени да одговорат на предизвиците кои следуваат.
-За нас ова ќе биде прв собир во 2015. година, натпреварот против Словенија ќе биде подготовка за почетокот на натпреварите од квалификациите за Европското првенство. Во тимот ќе бидат повикани играчите кои главно го носеа товарот на последните пријателски натпревари против Романија и Црна Гора. Аврамовски, Илиев и Кире Марковски поради повреда не беа во составот на последните натпревари, доколку се биде во ред, доколку бидат здрави и подготвени за игра ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот. Верувам во изборот на играчите, генерацијата која ја имаме може рамноправно да се носи со сите, а натпреварите како престојниот со Словенија ќе ни бидат од голема корист пред почетокот на квалификациите, изјави Благоја Милевски.