Репрезентација до 14 години: Два пријателски натпревари против Кипар

Објавено на 03 Мај, 2016 во Вести, Фудбалска академија


Македонската репрезентација до 14 години денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и во истиот термин два дена подоцна ќе одигра контролни натпревари против селекцијата до 14 години на Кипар. За двата пријателски натпревари на нашата млада селекција, предводникот Марио Вујовиќ ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Филип Ваневски (Металург), Марко Станковски (Вардар); Одбрана: Ибраим Алили (Металург), Усни Исмани (Пелистер), Горазд Стојменов (Металург), Јасин Сали (Сарај), Далибор Костовски (Вардар), Александар Ѓурковски (Вардар), Спасе Терзиев (Академија Пандев); Среден ред: Иван Николов (Брегалница), Никола Секулов (Про Пјаченца, Италија), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички), Филип Андоновски (Металург), Стефан Ѓорѓиев (Њу Старс), Филип Костовски (Македонија Ѓ.П.), Рилинд Ајдини (Работнички), Марио Костески (Работнички), Леонит Игњатов (Вардар); Напад: Кристијан Стојановски (Металург), Методи Максимов (Брегалница), Марио Илиевски (Вардар);

Голем дел од фудбалерите кои ќе настапат на пријателските натпревари против Кипар се дел од фудбалската академија на ФФМ. Од 15-ти до 21-ви мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Фудбалската федерација на Македонија ќе биде домаќин на турнир за академиите кои се под покровителство на УЕФА, а покрај нашата академија ќе учествуваат и академиите на Белорусија, Ерменија и Грузија.




   
   
А репрезентација