Објавено на 14 Февруари, 2025 во Вести
Комисијата за безбедност и сигурност и Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија, на 8 и 9 февруари, во хотел „Сириус" во Струмица го одржаа редовниот семинар со комесарите за безбедност на клубовите кои настапуваат во Прва и Втора МФЛ пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.
На работилницата се дискутираше за различни теми кои се од големо значење за домашниот фудбал. Присутни беа и претставници на Министерсвото за внатрешни работи.
Главната тема на работилницата беше безбедноста и заштитата на интегритетот на фудбалските натпревари.
Зоран Саздов, член на Комисијата за безбедност и одделот за безбедност и интегритет;
-Целта на овој семинар е подобро меѓусебно запознавање и комуникација на комесарите на клубовите со полицијата. На обуката беа презентирани конкретните мерки и активности за организирање на фудбалски натпревар во делот на безбедноста и сигурноста пред, за и по завршување на натпреварот.
- Анализирајќи го првиот есенски дел од сезоната, можеме да заклучиме дека инцидентите во продолжението од сезоната (пролетниот дел) треба да се намалат, а инфраструктурата на стадионите да се подобри. Комесарите за безбедност требаа да имаат професионален и објективен пристап при донесувањето на своите одлуки.
- Во продолжението на сезоната, претставниците на клубовите за безбедноста треба поодговорна и попрофесионално да ги организираат натпреварите. Да поднесуваат навремено информации за натпреварот во делот на организацијата кога клубот е домаќин. Што се однесува до гостинските натпревари, навремено да достават информација до полицијата околу патуването на навивачката група и бројот на навивачи.
- Голем проблем кај комесарите за безбедност претставува и немањето на ингеренции околу донесувањето на одлуки за превземање на мерки што произлегуваат од законот и правилникот за безбедност и сигурност, посебно во делот на инфраструктура и одредување на лица што се одговорни за безбедноста за време на натпреваротиte. Комесарите за безбедност треба да ја подобраат соработката и комуникацијата со своите навивачи и своето раковоство.
Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...
Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....