Објавено на 09 Февруари, 2015 во Вести, Футсал
Селекторот Васко Скендеровски вели дека двомечот против Грузија претставува последна голема контрола пред квалификацискиот турнир во март кој ќе се одржи во нашата земја.
„Грузија претставува последен тест пред претстојните квалификации кои не очекуваат во март, во Скопје. Мислам дека Грузија е противник по мерка за овој период од подготовките, селекција која треба да ја игра улогата на Швајцарија, и Унгарија. Нашиот денешен противник е репрезентација која се пласираше во квалификациите преку претквалификацискиот турнир каде што го освои првото место во својата група. Во овие два натпревари што следат немаме повеќе простор за експериментирање, повикани се сите играчи на кои ќе сметам и на квалификацискиот турнир во Март. Има неколку играчи кои што се жалат на повреда, можеби нема да бидат комплетно подготвени за оваа средба, меѓутоа ќе бидат тука со нас во овие подготовки. Се надевам дека ќе одиграме два одлични натпревари против Грузија, двомечот е многу важен за нас и се надевам на позитивни резултати. Низата од добри резултати која што ја започнавме против Финска, Црна Гора, турнирот во Полска каде што одигравме три добри натпревари, се надевам ќе ја продолжиме и на овој двомеч со Грузија. Грузија доаѓа во најквалитетен состав бидејќи и тие се подготвуваат за претстојните квалификации. Што се однесува до нашиот играчки ростер повикани се вкупно 14 играчи на кои ќе сметам со исклучок на Удовалиев кој што има медицински третман и воопшто не е повикан. На повреди се жалат Мицевски, Арсовски, но сепак тие ќе бидат во составот. Сметам дека позитивните резултати во претходниот период ќе знае да ги цени публиката и ќе дојде во што поголем број да не бодри. Двомечот против Грузија се надевам дека ќе претставува увертира за тоа што не чека од 18 до 22 Март во Скопје, во салата Борис Трајковски. Ги повикувам сите љубители на фудбалот да дојдат во што е можно поголем број да не бодрат и да ја зголемат самодовербата кај нашите момци пред квалификацискиот турнир."- изјави Васко Скендеровски за официјалната веб страна на ФФМ
Фудбалерот Ранготов Дарко вели дека атмосферата во националниот тим е на високо ниво и очекува голема подршка од домашните фанови на денешниот дуел.
„Грузија е противник со кој добро се познаваме, пред 4 години одигравме квалификациски натпревар кој го добивме со 2-1, се надевам на позитивни резултати и на овој двомеч. Дуелот против Грузија претставува генерална проба пред квалификациските натпревари против Швајцарија, Унгарија кои по квалитет се на нивото на Грузија и репрезентацијата на Шпанија. Се надевам дека ќе ја оствариме зацртаната цел, а тоа е освојување на второто место што за нас ќе претставува историски успех што ќе ни овозможи да се квалификуваме за баражот на Европското првенство. Се надевам на голема подршка од трибините, бидејќи влезот е бесплатен и очекувам да има гледачи во што е можно поголем број"- изјави Ранготов Дарко.