Работилница за развој на инклузивност и социјална одговорност

Објавено на 30 Април, 2018 во Вести, Семинари


Фудбалската федерација на Македонија заедно со CAFЕ - еден од организациите партнери на УЕФА за социјална одговорност организираше работилница наменета за едукација на Dissability access officer - лица од клубовите, назначени за контакт со лица со попреченост.

На работилницата учестувуваа претставниците на клубовите од Прва МФЛ, претставници од Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет - Мобилност, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, претставници на општините Струмица, Штип, Битола и Тетово, а во работниот дел учествуваа и претставниците на Националната арена „Филип Втори“ и МК Тickets - официјалниот партнер на ФФМ за продажба и дистрибуција на билети.

Оваа работилница е една од низата кои Фудбалската федерација на Македонија ги организира во насока на поголема инклузија на лицата со попреченост и заедничка соработка меѓу ФФМ, клубовите и националните сојузи, како организации кои на тој начин ја развиваат својата социјална улога и одговорност.

Свои предавања на работилницита имаа Јохан Кемер - претставник на CAFE, Борче Стојков -претставник на Мобилност, Ива Цигровиќ - ФК Динамо Загреб, а на отворањето зборуваше генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

-За нас како водечко фудбалско тело во државата, инфраструктурните подобрувања на стадионите се еден од главните приоритети. Се соочуваме со големи предизвици во делот на обезбедување еднакви услови за сите и инклузија на лицата со телесен инвалидитет, но со поддршка и помош од УЕФА, CAFE и искуствата на други поврзани организации успеваме да ја подигнеме свеста и да влијаеме и клубовите да преземат чекори во таа насока. Во 2015. година го започнавме проектот „Капитени на промени“, а ги создадовме и сите потребни услови во нашиот тренинг центар „Петар Милошевски“, а се создадоа и на Националната арена „Филип Втори“ спроти Супер Куп - СКОПЈЕ 2017. Тековната инфраструктура се менува и на стадионите „Младост“ во Струмица и во Тетово, Битола, Прилеп и Штип. Овој тип на семинари и едукативни работилници ги започнавме пред две години, а процесот заеднички со клубовите и другите засегнати страни ќе го продолжиме и во иднина, рече во своето обраќање Филип Поповски.




   
   
А репрезентација